Преговори за набавка на кинеските вакцини

Здравствените власти започнуваат постапка за набавка на кинеските вакцини. Министерот за здравство Венко Филипче за „360 степени“ на Алсат рече дека се преговара со кинеските производители на вакцината преку контакти од кинеската амбасада во земјава. Според Филипче, до крајот на неделава ќе се знае дали земјава ќе дојде до кинеските вакцини, кога и во колкава количина.
„Не би сакал да зборувам за рокови заради тоа што тие детали ќе ги знаеме до крајот на неделата и тогаш јавно ќе излеземе и ќе ги обзнаниме. Меѓутоа, суштината е во тоа што очигледно дека производителите коишто први успејаа да излезат на пазараот, а тоа е „Фајзер“ на пример, имаат проблеми со капацитетот“
Земјава не се откажува од ковакс механизмот, иако „Фајзер“ која прва доби согласност за употреба од Европската Агенција за лекови – потфрли во дистрибуцијата на вакцините. Разликата е во тоа што кинеските вакцини немаат согласност од европската агенција за лекови. И покрај ова, министерот Филипче не се сомнева во нивниот квалитет.
„Сосема е доволно јасно и начинот на кој се евалуираат сите резултати од клиничките студии, процесот на изработка на вакцините, конкретно овие за кои зборуваме, е одлично познат на нашите експерти. Токму тоа го анализираа буквално за сите вакцини кои се сега на пазарот, така што, нема никаква административна пречка и, секако, дека нема сомнеж во нивниот квалитет“.
И додека чекаме вакцнини, Инситуотот за јавно здравје регистира помалку тестирања и новозаразени од Ковид – 19 во претходната недела. За една недела се тестирале 11.000 граѓани, а од нив 1.700 се позитивени на вирусот. Во изминатата недела оздравеа над 5.000 граѓѓани. И овој процент е помал за 12 проценти во спредба со претходната недела. За една недела починале 69 лица од 23 градови. Процентот на смртност е намален за 12 проценти. Паралелно, во ковид центрите во земјава се лекуваат над 300 пациенти кои се заразени или ги имаат симптомите на корона вирусот.
Igor Stefanovski