
Француските социјалисти и зелените нема да учествуваат во понатамошните разговори со претседателот Емануел Макрон за изнаоѓање излез од политичкиот ќорсокак во земјата, изјавија нивните лидери во вторникот, повикувајќи ги нивните поддржувачи наместо тоа да одржат мирни протести.
Макрон вчера ја отфрли можноста за левичарска влада, велејќи дека мнозинството пратеници од другите табори веднаш ќе ја отстранат и свика уште една рунда маратонски разговори со партиските лидери за денеска.
Сепак, соочен со поделен парламент во кој секоја од трите речиси еднакви групи – левицата, центристичкиот блок на Макрон и екстремната десница – ја отфрлија можноста за формирање коалиција, се чини дека претседателот се врати одново на почеток.
„Тие ни ги крадат овие избори“, рече лидерката на Зелените, Марин Тонделер, за локално радио, таа рече дека нејзината партија нема да продолжи со „лажните консултации со претседател кој и онака не слуша и кој е опседнат да ја задржи контролата“.