
Прекин на огнот меѓу Русија и Украина може да биде договорен и постигнат во наредните недели, рече францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за Фокс њуз по вчерашната средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.
Сепак, нагласи дека сето тоа би можело да се постигне со поддршка на француските и британските мировни сили.
По средбата со Трамп, Макрон е оптимист и смета дека има суштински напредок во разговорите за постигнување мир во Украина.
И двајцата претседатели посочија дека веруваат оти наскоро ќе дојде до прекин на огнот.
Макрон вели дека е во контакт со европските лидери и дека многу од нив се подготвени да дадат безбедносни гаранции за Украина.
Сепак, според него, главна цел во овој момент е да се постигне прекин на огнот.
Смета дека постигнувањето мир во војната во Украина не смее да значи „предавање“ на Киев и инсистира на потребата од „безбедносни гаранции“, со цел да се избегне можноста рускиот претседателот Владимир Путин да изврши нов напад.