ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Прекин во водоснабдувањето во дел од Пинтија

Поради изведување водоводен приклучок ф-200 мм на улица „Саса“ 18/154, денеска прекин во водоснабдување ќе имаат дел од корисниците во населбата Пинтија.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со активностите
Без вода дел од индустриската зона Визбегово и Качанички пат
Поради дефект на водоводната мрежа на улицата „Качанички пат“ во близина на „Графика плус“ денеска од 0:30 часот без вода ќе бидат дел од корисниците од индустриската зона Визбегово и Качанички пат.
Прекинот ќе трае до завршување на дефектот, информираат од „Водовод и канализација“.