ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Прекината 66.седница поради немање кворум за усвојување на дневниот ред

Собранието повторно не успеа да го изгласа дневниот ред поради немањето потребен број пратеници во салата. ВМРО-ДПМНЕ ја напушти салата затоа што се противи на рекомпонирањето на Комисијата за избори и именувања со нови членови, кои владата ги предлага да ги избере на пленарна седница. Според нив, ваквиот избор на пратеници во работните тела е кршење на Деловникот.

Advertisements

Предлогот што е во процедура предвидува претседателка на комисијата за избори и именувања да биде пратеничката на СДСМ Марија Георгиевска, нов член на комисијата да биде Дарко Каевски, додека заменици членови Хисни Исмаили и Елми Азири. ВМРО-ДПМНЕ одлучи да не предложи и да го остави празно местото заменик член кој и припаѓа во оваа комисија. Комисијата за избори и именувања по пополнувањето ќе треба да именува нови членови и во другите работни тела на Собранието, кои одамна се испразнети и поради тоа се блокирани голем број закони и процедури.

На револтот на ВМРО-ДПМНЕ, кој кулминираше со напуштањето на пленарната седница, се приклучи и „Левица“, на која ѝ беа одбиени предлозите за дополнување на дневниот ред со законите што ги предложија нејзините двајца пратеници минатата година. Мнозинството во нецелосен состав остана сама во салата.

„За информирање на граѓаните оваа седница е свикана пред 10 дена. Еден пратеник од опозицијата и двајца од мнозинството имаат дозвола да одат во делегација да го претставуваат Собранието во европските институции. Двајца пратеници од мнозинството без причина не се во Собрание и не соопштиле каде се. Еден пратеник од здравствени причини не е присутен. Од 64 пратеници (од мнозинството) овде денес се 59. Поради оваа причина нема кворум“, рече Џафери.

Од вкупно 67 свикани седници, недовршени се 21. Отсуството на пратеници во салата, и политичките судири оставија многу закони без епилог, некои од нив почнати во 2020 година.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button