ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Прекината седницата на Советот на Општина Кочани

Советот на Општина Кочани денеска не ја заврши седмата редовна седница поради немање кворум пред разгледувањето на последните неколку точки од дневниот ред.

Advertisements

Советниците од опозициската советничка група, предводена од СДСМ, ја напуштија седницата пред да почне разгледувањето на предлогот од комуналното претпријатие „Водовод“ за покачување на цената на геотермалната вода.

Поради судир на интереси, еден советник од мнозинството во Советот немаше право да гласа по оваа точка и излезе од салата, по што му се придружија и опозициските советници. Претседателот Лазо Митев даде пауза од половина час во обид седницата да продолжи, но подоцна констатираше дека во салата нема доволен број советници, по што ја прекина расправата по преостанатите точки од дневниот ред.

По прекинот беше најавено дека терминот за продолжување на седницата дополнително ќе биде утврден, а советниците навремено ќе бидат известени. 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button