ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Прекинати се ископувањата на песок во село Коњари

Инспекторатот за животна средина донесе решение за прекин на ископувањата во село Коњари. Од теренската инспекција констатирани се прекршоци кај концесионерот кој сега мора за 60 дена теренот каде има најголема штета да го претвори во плодно земјиште.
Одлуката на Инспекторатот доаѓа по бројните поплаки и протести на жителите на Коњари кои алармираа дека од ископите кај реката Пчиња се уништуваат земјоделските површини, се загадуваат водата и воздухот. Жителите за Алсат претходно покажаа каков бил овој простор пред ископувањата. Сега е создадено вештачко езеро кое е на само 100 метри од првите куќи во селото.
Авни Тахири