Преку протести, средношколците во Тетово бараат откажување на онлајн-образованието

Стотици средношколци во Тетово протестираа против онлајн учењето. Тие бараат да започнат настава со физичко присуство. На денешниот протест учениците се спротивставија на одлуката на Унијата на учениците кои се согласија овој месец наставата да започне онлајн.
„Ние не го поддржуваме договорот на Унијата на средношколци со Министерството за образование, бидејќи во тој договор не беа изразени нашите барања, и не беше земено во предвид нашето мислење за тој договор. Нашето барање е наставата да започне физички. Ние сме свесни и можеме да се придржуваме до училишниот протокол што ќе го постави Министерството за образование или за здравство. Интернет-платформата е неуспешна, бидејќи исто како и неуспешното учење со платформата, ќе биде и ова сега“, вели еден ученик.
„Бараме наставата да започне со физичко присуство затоа што досега се отворени многу објекти и се одржуваат многу активности. Се собравме тука за да го покажеме нашиот револт и бојкот затоа што дури и многу ученици немаат уреди за поврзување онлајн“, додава еден ученик.
Велат дека голем број ученици немаат услови за поврзување на Интернет поради недостаток на соодветна опрема, но и лоши економски услови.
“Има многу деца кои немаат опрема затоа што има двајца или тројца ученици во иста куќа, дури немаат посебни простории и им треба лаптоп за секој од нив”, реагира еден ученик.
Онлајн учењето воопшто не започна во повеќето училишта на Шар Планинскиот регион, токму поради слабиот интернет, но и недостатокот на компјутери.
Башким Сулејмани