ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Прелети на воени воздухоплови Б52 над Скопје

Воздухопловните сили на САД во Европа и Африка денеска во 14:35 часот ќе извршат прелети над Скопје со два воени воздухоплови од типот Б52.

Advertisements

Прелетите на воздухопловите, како што информираа од Министерството за одбрана, ќе го демонстрираат силното сојузништво на НАТО и претставуваат гарант за целата Евроатланска област, вклучувајќи ја и Северна Македонија.

-Со цел да ја прикажат посветеноста и гаранцијата на сигурноста кон балканските сојузници и партнери на НАТО, Воздухопловните сили на САД во текот на денот освен над македонското небо ќе извршат прелети и над Хрватска, Црна Гора и Албанија, појаснуваат од МО.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button