ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Прележал Ковид-19, го игнорираат за плазма

Џемал Арслани од Струга кој прележал коронавирус, веќе неколку недели залудно се обидува да донира крвна плазма за лекување на други заболени пациенти. Иако здравствените власти со месеци апелираат и ги молат оние кои прележале Ковид-19 и кои здравствено можат да донираат плазма, да го сторат тоа, Арслани вели дека, надлежните го игнорираат, а сака да помогне.

Advertisements

 

 

Јас откако ја пополнив апликацијата, тие ме побараа на телефон и направија една анкета, со прашања, колку сето траеше, какви лекарства сум земал, кои беа симптомите. Јас сето тоа им го кажав и остана тоа. Тие ме контактираа уште еднаш на бројот што го оставив кај нив и рекоа ќе те побараме кога ќе има потреба. Еве, поминаа повеќе од еден месец, нема никаков одговор…“-рече Џемал Арслани, жител на Струга.

На социјалните мрежи постојано се бара крвна плазма за болни од Ковид. Пред неколку дена се појави апел и за млад човек од Струга. Арслани стапил во контакт со семејството, но работата понатаму треба да ја заврши државата. Од Министерството за здравство за Алсат велат дека пријавените дарители ги контактира Институтот за трансфузиона медицина.

Министерство за здравство:

„Доколку ги исполнуваат основните предуслови, Институтот ги упатува за дополнителни иследувања до Клиника за инфективни заболувања и фебрилни состојби, каде се земат примероци за комплетна биохемиска анализа… Откако ќе се соберат сите податоци и доколку ги исполнува сите услови, тогаш дарителот се повикува да дарува конвалесцентна плазма.“

Од Министерството нагласуваат дека имало доста голем интерес за дарување плазма, меѓутоа мал бил бројот на оние кои ги исполнуваат условите. Инаку, досега биле обезбедени вкупно 166 единици плазма, а дарувале 118 граѓани.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button