Премиерот Христијан Мицкоски ја потврди поврзаноста на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со ДУИ
Премиерот Христијан Мицкоски ја потврди поврзаноста на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со ДУИ

Премиерот Христијан Мицкоски ја потврдува поврзаноста на Данела Арсовска со ДУИ за дестабилизација пред изборите. Тој најави дека јавноста наскоро ќе дознае повеќе информации за нивната поврзаност, а во врска со заканите на градоначалничката на град Скопје, Мицкоски вели дека таа треба да ги пријави во полиција.
И градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, неодамна изјави дека Арсовска е искористена од страна на ДУИ за напад врз општина Чаир, додавајќи дека по нивни инструкции таа сама излегува на терен.
„…Функционери на ДУИ, или мажите на ДУИ во народниот жаргон, се кријат зад г-ѓа Арсовска. Тие пронајдоа стратегија г-ѓа Арсовска да биде на терен, тие се зад сцената, во сенка се луѓето што ги споменавме неколку пати“, рече Висар Ганиу, градоначалник на општина Чаир.
Мицкоски рече дека неговата партија сè уште не одлучила кој ќе биде кандидат за Градот Скопјe, но изјави дека кој и да биде кандидат ќе биде подобар од сегашната градоначалничка./Алсат.мк
Линда Ебиби