ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Премиерот Христијан Мицкоски се уште ја нема донесено конечната одлука за барањето на СДСМ за лидерска средба

Премиерот Христијан Мицкоски се уште ја нема донесено конечната одлука за барањето на СДСМ за лидерска средба

Премиерот Христијан Мицкоски се уште не гледа причина за лидерска средба. И по три дена од првичното барање на СДСМ, власта вели дека:

Advertisements

„Во моментов не се гледа објективна причина за свикување на лидерска средба, но сепак ќе се разгледаат аргументите детално и за истото ќе ја информираме јавноста„, велат од кабинет на премиер.

Македонската опозиција бара лидерска средба за политичката состојба и меѓуетничките тензии. Барањето на СДСМ дојде по критиките за начинот на кој полицијата се справи со инцидентите на прославата на 28 ноември.

„Граѓаните треба да ја видат сликата на заедништво – сликата на лидери кои се подготвени да седнат на иста маса, да разговараат и заеднички да се справат со сите предизвици„, велат од СДСМ.

Првиот човек на ЗНАМ, Максим Димитриевски вели дека лидерската средба ќе биде само меѓу партнерите од владината коалиција и според него, треба да се разговара за почитување на уставот и законите при користење на знамето и државните симболи.

Барањето за лидерска средба го најави првиот човек на СДСМ Венко Филипче по средбата со претседателката Гордана Силјановска Давкова./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button