ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека суштината на ветото на Бугарија не се уставните измени туку целосна асимилација на македонскиот идентитет

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека суштината на ветото на Бугарија не се уставните измени туку целосна асимилација на македонскиот идентитет

Она што мене ме загрижува е обидот на европратеник од владејачката ГЕРБ во Бугарија да вметне амандман во извештајот со кој македонскиот идентитет ќе се дефинира како сегашен, со што јасно ја вади на површина политиката на Живковизмот, која е за жал сè уште жива кај политичарите во Софија, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја резолуцијата за македонското прашање усвоена кон крајот на минатата недела во бугарскиот парламент. Мицкоски вели дека суштината на ветото на Бугарија не се уставните измени туку целосна асимилација на македонскиот идентитет.

Advertisements

“Не се проблем неколку стотини наши сограѓани кои велат дека се дел од бугарската заедница, не се суштинскиот проблем на официјална Софија да тие бидат дел од преамбулата, туку целосна асимилација и потврда на тезата на Живковизмот дека македонскиот идентитет е граден како резултат на одлука на Коминтерната и тогашниот претседател на Југославија Тито во соработка со тогашната комунистичка Коминтерна. Тоа е тезата и таа теза никогаш не исчезнала. Јас ги повикувам политичарите во Брисел внимателно да слушаат каквио пораки ќе доаѓаат од нивните колеги европратеници и какви пораки ќе доаѓаат од официјална Софија во 21 век и дали тоа има некаква врска со европските вредности”, рече премиер Христијан Мицкоски.

Во петокот бугарскиот парламент усвои нова резолуција со која го повторија старото барање – Северна Македонија да ги вметне Бугарите во уставот доколку сака да се случи деблокада во евроинтеграцискиот процес. Од друга страна, власта не се откажува од идејата за уставни измени со одложено дејство, додека во меѓувреме се подготвува резолуција во Брисел за која пак власта се надева дека доколку биде изгласана тоа ќе значи потврда за многувековниот македонски идентитет и јазик./Алсат.мк

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button