Премиерот Христијан Мицковски денеска оствари средба со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер
Премиерот Христијан Мицковски денеска оствари средба со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер

Премиерот Христијан Мицковски денеска оствари средба со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер. На средбата е постигната согласност за договор за стратешко партнерство на Македонија со Обединетото Кралство.
Двајцата премиери во изјавите на средбата одржана во рамки на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана, оценија дека договорот за стратешко партнерство ќе значи уште посилна соработка, поцврсти односи и можност за продлабочување на односите.
Договорот, кој се оценува како историски, ќе отвори нови перспективи за соработка во клучни области како безбедноста, економијата, инвестициите, образованието, дигиталната трансформација и климатските промени. Ова е договор кој ја позиционира Македонија во поширокиот круг на интереси на една од водечките светски сили. Станува збор за конкретна и долгорочна определба за зајакнување на билатералните врски со Обединетото Кралство.