Премиерот Мицкоски ја повика ДУИ прво да се подготви за одговорност, а потоа и за парламентарни избори
Премиерот Мицкоски ја повика ДУИ прво да се подготви за одговорност, а потоа и за парламентарни избори

ДУИ да се подготвува за одговорност, а ние ќе се подготвиме за избори кога ќе дојде време за тоа. Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски, по изјавата на Али Ахмети, кој изрази подготвеност за предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори следната година. Мицкоски подвлече дека неговата изјава за време на седницата за прашања на пратениците,каде ја предизвика опозицијата за предвремени избори е само одговор на коментарот на лидерот на СДСМ, но Владата има 4-годишен мандат и нејзин приоритет останува борбата против криминалот и корупцијата.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на синоќешната средба со граѓаните на Општина Боговиње, одговори позитивно на предизвикот на Мицкоски за предвремени избори. Ахмети повика на добра подготовка за, како што рече, на бојното поле.
„Мицкоски“ вчера самиот изјави дека за една година ќе бидеме на предвремени парламентарни заедно со локалните избори. Македонската опозиција мора да биде храбра бидејќи нема што да изгуби нека се подготви добро за една година на мајдан со ВМРО, ние на мејдан со сите оние кои не размислуваат како нас, а оние кои не размислуваат како нас денес се прават дека се претставници на Албанците во институциите на земјата“, рече Али Ахмети, претседател на ДУИ.
По оваа изјава, реагираше првиот вицепремиер на Владата од редовите на ВЛЕН, Изет Меџити. Тој ја повика ДУИ да се подготви да биде уште долго време во опозиција.
„Наместо да се преправа дека е главен фактор на политичката сцена, ДУИ подобро да се врати на внатрешните реформи и да ги исчисти редовите од организираниот криминал и корупцијата“, рече Изет Меџити, прв вицепремиер.
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој за време на седницата за пратенички прашања го повика Мицкоски да поднесе оставка, со што беше отворена и дебатата за предвремените парламентарни избори, кусо за телевизијата Алсат изјави дека по ова прашање ќе се изјасни в понеделник./Алсат.мк
Ајнур Бафќари