ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Премиерот негира дека се врши притисок врз пратениците на ВМРО

Премиерот негира дека се врши притисок врз пратениците на ВМРО

Уставните измени сè уште не се ставени на дневен ред на Владата и никој не кажува кога тоа ќе се случи. Членовите на извршната власт денеска имаа седница, но не се расправаше за темата предлог-амандмани за уставни измени. Во меѓувреме, премиерот Димитар Ковачевски рече дека никој не врши притисок врз пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поединечно да одлучат да ги поддржат измените и покрај одлуката на нивната партија.

Advertisements

Ковачевски го коментираше вчерашниот песимизам на поранешниот претседател Бранко Црвенковски кој оцени дека се нелогични изјавите на сегашните политичари дека ако сега почне отворањето на поглавјата, целосната интеграција на државата може да се случи за 4 до 5 години.

ВМРО-ДПМНЕ очекува СДСМ да се изјасни за една од двете опции што ги постави како услов за поддршка на уставните измени. Дотогаш Мицкоски не гледа причина за продолжување на преговорите.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button