Премиерот, партиските лидери и медиумските организации го осудија вчерашниот напад врз екипата на Алсат

Бројни реакции по нападот врз новинарската екипа на Алсат. Нападот се смета за напад врз слободата на говорот, а сторителите да се казнат. Премиерот Мицкоски го нарече случајот одвратен.
Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, исто така го осуди нападот. Тој вели дека молчењето на институциите ги охрабрува ваквите напади.
„Остро го осудувам нападот врз екипата на телевизијата АЛСАТ за време на известувањето од запалената депонија во Визбегово. Нападот врз новинарите и медиумите е директен напад врз слободата на говорот и слободата воопшто. Ова не е прв пат, но за жал во последно време нападите и заканите врз новинарите континуирано се зголемуваат, додека молчењето на институциите ги охрабрува. Бараме итна акција и максимална законска казна за напаѓачот, што ќе служи како порака до другите кои можеби ќе помислат да кренат раце врз новинарите во иднина“, рече Села.
ВЛЕН изјави дека овој настан е неприфатлив и претставува флагрантно кршење на слободата на медиумите, безбедноста на медиумските работници и самите темели на едно демократско општество. Нападот го осуди и еден од лидерит на ВЛЕН, Билал Касами.
Здружението на новинари на Македонија и Синдикатот на новинари и медиумски работници, исто така, реагираа на нападот од вчера.
Фатлуме Дервиши