ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Премиерот потврдува дека училиштата ќе се отворат на 1 февруари

Одложувањето на почетокот на второто полугодие вечерва го потврди и премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

Advertisements

Тој на својот Фејсбук профил објави дека со одлука на Владата и во интерес на здравствената заштита, согласно епидемиолошките информации дека земјава е на врвот на заразата, училиштата ќе бидат отворени на 1 февруари, пишува Алсат.

“Стартот на второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари. Оваа одлука ја донесовме на денешната втора седница на Владата во интерес на заштита на здравјето, согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата. Одлуката второто полугодие да продолжи на 1 февруари нема да влијае на крајот на учебната година и таа ќе заврши на 10 јуни, со соодветна адаптација на наставните планови”.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button