ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Премиерот со Критики за државниот обвинител

Премиерот со Критики за државниот обвинител

Откако изминатите денови преку изјави на премиерот, но и преку партиски пресконференции владејачката партија јавно го критикуваше државниот обвинител Љупчо Коцевски за работата на обвинителството, денеска преку соопштение, од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Коцевски и обвинителите под негова ингиренција не постапуваат по важни предмети.

Advertisements

„Само обвинителите на кој Коцевски им е одговорен и самиот Коцевски не постапуваат по наводите за криминал во РЕК Битола, ТЕЦ Неготино, МЕПСО, Онкологија, ЈПДП, Државна лотарија и многу други. Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски не презема мерки за значајни предмети и покрај јавните докази за криминални активности и корупција„, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Со ваквото непостапување власта тврди дека Коцевски се обидува да заштити функционери од претходната власт. Поради овие обвинувања, но и поради робусната акција против корумпирани судии и обвинители која ја најави Мицкоски, се отвори и прашањето дали Коцевски ќе биде разрешен. Тој пак, одговарајќи на ова прашање во петокот рече дека до него е само да продолжи професионално да си ја врши работата.

„ Јас ќе продолжам да работам најпрофесионално законито и чесно, што е во мојата надлежност, што значи дека останатите политички изјави не можам да ги коментирам. Доколку евентуално имам сторено некаква грешка условите се согласно законот за јавно обвинителство за евентуално разрешување на јавниот обвинител„, рече Љупчо Коцевски, државен јавен обвинител со датум.

Обвинителството се соочува со сериозни критики за својата работа, а премиерот одговарајќи на пратенички прашања посочи дека стотици предмети поднесени од МВР и финансиска полиција се чуваат во обвинителството и по нив не се постапува. Покрај од власта, Коцевски беше критикуван и од суспендираниот прв човек на вишото скопско јавно обвинителство Мустафа Хајрулахи, кој рече дека одбил да постапува по насоки на Коцевски за одредени случаи, републичкиот обвинител потоа му поднел кривична пријава со обвинувања дека Хајрулахи вршел притисоци врз вработени./Алсат.мк

Михаило Донев

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button