Премиерот Заев исклучува реконструкција на Владата

Нема да има реконструкција на владиниот кабинет. Премиерот Зоран Заев вели дека Владата е формирана пред само осум месеци и работата на членовите на Владата сè уште не е во фаза кога може да се утврди дали има потреба од кадровски промени или не.
Истото го велат и во ДУИ. На агендата не е реконструкција на владиниот кабинет.
„Коалицијата е стабилна и функционална. Сите сме посветени на спроведување на програмата на Владата, надминување на здравствените и интегративните предизвици што е можно побрзо, подигнување на животниот стандард и нема такви планови на дневен ред“, велат од ДУИ.
На следниот состанок, Владата треба да донесе одлука за нови кадровски прашања. Новиот директор на Државниот пазарен инспекторат треба да биде назначен по разрешувањето на Стојко Пауновски, како и новиот заменик директор на Царина, по оставката на Ирфан Бучи од семејни причини. Двете најспоменувани имиња на местото на Бучи се Муарем Асани или Артан Весели, моментално началник на скопската Царина. Неофицијално, се зборува за промени на министерства, каде ДУИ може да се откаже од финансии во замена за друго министерство. Се шпекулира од извори блиски до ДУИ дека министерот за економија, Крешник Бектеши би бил кандидат за градоначалник на Кичево.
Адриан Керими