ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Преполовен бројот на дневни пациенти во гевгелиската модуларна болница

Во споредба со ситуацијата од пред десетина дена, сега имаме многу порелаксирана ковид состојба, со помал број хоспитализирани и дневни пациенти и намален притисок врз здравствениот персонал, рече денеска Митко Крџев, директор на Општата болница во Гевгелија.

– Поради подобрување на здравствената состојба очекуваме секојдневно да се намалува бројот на хоспитализирани пациенти кои моментно ги имаме седум во модуларната болница и пет на адаптираното невропсихијатриско одделение. Од 50 на 20 до 25 е намален или речиси преполовен и бројот на дневни пациенти кои доаѓаат да примат терапија и заминуваат на домашно лекување, рече Крџев.

Посочи дека многу е намален и интересот за вакцинација што е потврдува преку евиденцијата на вакциналниот пункт каде дневно се вакцинираат по триесетина граѓани со втора или трета доза, додека бројот на граѓаните кои примаат прва доза е речиси занемарлив.

Инаку, вакциналниот пункт во Гевгелија веќе втор ден не работи затоа што екипата престојува во псијатриската болница во Негорци каде врши вакцинирање со ,,бустер доза,, на поголемиот број пациенти и дел од вработениот персонал.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button