
Во вооружена престрелка пред ноќен клуб во Бијеина, БиХ, синоќа околу полноќ е убиен полициски инспектор, соопштија локалните медиуми.
Од полицијата наведуваат дека синоќа во Бјелина со огнено оружје бил застрелан полицискиот службеник Ненад Марковиќ, кој од здобиените повреди починал.
Во рамки на истрагата утрово се уапсени четири лица. Според сознанијата на босанските медиуми, како главен осомничен за убиството на полицискиот инспектор е уапсен син на пратеник во Собранието на БиХ.