ВЕСТИСВЕТ

Пресудата за Трамп во Сенатот можна уште денеска

Денеска, во 10 часот по локално време, сенаторите, во улога на сведоци, судии и поротници, ќе го продолжат судењето на поранешниот претседател, Доналд Трамп, обвинет за „поттикнување бунт“ на Капитол хил на 6 јануари.

Advertisements

Засега, сѐ уште е неизвесно дали Доналд Трамп, единствениот претседател на САД кој двапати бил подложен на процес на отповикување, би можело да биде осуден, поаѓајќи од фактот дека за таков епилог е потребно двотретинско мнозинство, односно 17 сенатори од редовите на Републиканците да се приклучат кон обвинувањата на Демократите. Во случај Трамп да биде прогласен за виновен, тој нема да има право за повторна кандидатура на идни претседателски избори во САД.

На Трамп му се суди во американскиот Сенат за неговиот говор во кој ги повика приврзаниците да се „борат против пеколот“, после кој тие насилно влегоа во Конгресот и им се закануваа на пратениците. Во судирот загинаа пет лица, меѓу кои и еден полицаец.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button