ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претпладне сончево и топло – попладне нестабилно со услови за пороен дожд

Во земјава денеска нè очекува променливо време, кое во претпладневните часови ќе биде сончево и топло, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветeр.

Advertisements

На места овие процеси ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималните температури ќе се движат во интервал од 7 до 14 Целзиусови степени, а максималните ќе достигнат од 18 до 29 степени.

Променливо време УХМР најавува и во главниот град. Времето во Скопје претпладне ќе биде топло и сончево, а попладне во делови од котлината се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите во Скопскиот регион денеска ќе се движат од 12 до 26 Целзиусови степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button