ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претпладне сончево, попладне дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде претпладне сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а попладне променливо облачно и настабилно со повремени локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Овие процеси, според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе бидат поинтензивни кон крајот на денот и во текот на ноќта кон петок. Наместа се очекува тие да бидат во форма на навреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи во интервал од седум до 12 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 17 до 24 степени.

Advertisements

Во Скопје се очекува слично време, сончево со умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта кон петок ќе биде променливо облачно и настабилно со повремен дожд и грмежи. Во делови од скопската котлина ќе има услови за појава на невреме. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 24 Целзиусови степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button