ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претпладне сончево со умерена облачност – од пладне дожд, грмежи и засилен ветер

Денеска времето во земјава претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места, според Упрвата за хидрометеоролошки работи (УХМР), процесите ќе бидат поинтензивни со услови за појава на град.

Advertisements

Минималната температура ќе се движи во интервал од седум до 14 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.

Во Скопје се очекува слично време, претпладне сончево со умерена облачност, а попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура во главниот град ќе се спушти до 12 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Во следните денови, според УХМР, ќе продолжи периодот на променливо облачно и топло време, со нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во попладневните часови. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер и со услови за изолирана појава на град.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button