ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Претрес на Бит Пазар, приведен дилер на дрога

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.И.(28) од Скопје. При претрес извршен по наредба добиена од Основен кривичен суд Скопје, во домот кај Ј.И. на подрачјето на Бит Пазар, биле пронајдени кокаин, две дигитални ваги и четири куршуми. Лицето е приведено во текот на вчерашниот ден и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.