ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претрес во Битола, пронајдени дрога и оружје

Полициски службеници од полициска станица Битола го лишиле од слобода  К.Н.(67) од Битола. При претрес на дом и други простории на ул.„Илинденска“ во Битола, биле пронајдени и одземени марихуана, таблетки, две ловни пушки, пиштол и куршуми.

По документирање на случајот, по насока на Јавен обвинител, против него ќе биде поднесен поднесок поради основано сомнение за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 и за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, по член 396 од Кривичниот законик.

Акцијата е спроведена во текот на вчерашниот ден.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button