ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претрес во Охрид, пронајдена дрога

Доцна синоќа на ул.„Цар Самоил“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода З.Р.(51) од Охрид.

Advertisements

При претрес во угостителски објект што тој го користи, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага, дробилка и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button