ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претрес во Сингелиќ, пронајдена дрога, приведени три лица

Oд страна на Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дроги, оружје и опасни материи во содејство со СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје беа лишени од слобода А.А.(61) Б.А.(22), Л.А.(21), сите од Скопје.

Advertisements

Имено, при извршен претрес на дом и други простории, врз основа на судска наредба, на подрачјето на Сингелиќ во Скопје, кај А.А.(21) од Скопје, кој не бил затекнат дома, била пронајдена марихуана. Трите лица се приведени, додека за едно лице е распишана потрага.

По комлетирање на целокупната документација за кривично-правниот настан од страна на СВР Скопје до надлежното Јавно обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по чл.215 од Кривичниот законик.

Полициската акција е спроведена во текот на вчерашниот ден.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button