ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведен дилер
Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведен дилер

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода 25-годишниот скопјанец П.П.
Како што информираат од МВР, по претходно добиени оперативни сознанија и судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени ококу еден килограм марихуана и две дигитални ваги.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.