ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претреси во Скопје, пронајдено оружје, приведени две лица

Претреси во Скопје, пронајдено оружје, приведени две лица

Полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција во координација со Одделот за крминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, денеска по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје поради сомнение за кривично дело по чл.396 и чл.215 од КЗ, извршија претреси во дом кај Г.Б. (37), државјанин на Косово со живеалиште во село Кондово, скопско, и кај неговата партнерка А.Ѓ. (34) во Скопје.

Advertisements

-При претресот кај Г.Б., била затекната и А.Ѓ., а пронајдени се три рачни бомби, еден рачен ракетен фрлач -зоља, еден пиштол, еден дел од пиштол, четири рамки од автоматска пушка, 164 куршуми различен калибар и шест ловни патрони. Лицата се лишени од слобода и задржани во полициска станица и против нив, во консултација со јавен обвинител, по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка, се наведува во соопштението од МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button