ВЕСТИРЕГИОН

Претседател на косовска партија уапсен поради шлаканица на полицаец

Претседателот на Социјалдемократската партија на Косово (СДПК) Дардан Молиќај бил уапсен синоќа во близина на канцелариите на приштинската телевизија Т7 поради тоа што му удрил шлаканица на полицаец за време на протестот на СДПК на 29 јануари. Косовската полиција потврди дека тој е уапсен и одреден му е притвор од 48 часа. Од полицијата велат дека претходните денови се обиделе да стапат во контакт со него, дека му оставиле порака да се пријави во полиција, а по наредба на надлежното обвинителство одлучиле да го приведат.

Advertisements

Снимката на приштинската телевизија покажа дека Молиќај му удрил шлаканица на полицаецот кој бил распореден да го обезбедува главниот влез во зградата на косовската влада за време на протестен митинг. Во саботата на 29 јануари неколку илјади граѓани протестираа во Приштина поради најавеното поскапување на струјата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button