ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Претседателката Давкова ќе размислува уште неколку дена пред да предложи гувернер

На претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе и требаат уште неколку дена за да се одлучи за предлогот на новиот гувернер на Народната Банка. Таа вели причината за размислувањето околу изборот на нов гувернер на Народната банка лежи во фактот што сите кандидати биле професионалци со богата биографска историја.

Advertisements

„Причината е мојот разговор со тројцата кандидати сите се инзвонредни ме запознаа со она што го правеле во животот со биографиите, дополнително ќе ги достават кога разговарате  со секој од нив повеќе од час и час и половина во голема дилема сте . Затоа јас ги информирав и нив а и јавноста а и собранието после дополнителни консултации ќе го поднесам конечниот предлог“, рече Давкова.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ќе разговара со претседателката на државата и оваа недела ќе  биде испратен предлогот во собранието за избор на нов гувернер на Народната банка.

„Претпоставувам дека деновиве ќе треба уште еднаш да се видиме, да разговараме и потоа сум сигурен до крајот на неделата или во рамките на оваа недела би требало од кабинетот на претседателката да дадат одговор кога ќе биде испратен предлогот за нов гувернер“, рече Мицкоски.

Актуелната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска вели дека согласно законот до изборот на нов гувернер ќе остане да ја врши функцијата. Додека на новинарските прашања  за изборот на новиот гувернер таа беше воздржана од коментари.

„Видете согласно постојната законска регулатива, односно член 55 од законот токму ова прашање е регулирано за да нема дисконтинуитет во извршувањето на ваква значајна јавна функција. Значи јас ве молам да разберете, но сепак во оваа фаза би се воздржала од било какви коментари во тој дел, ви благодарам“, рече Бежоска.

Мандатот на актуелната Гувернерка истекува утре, но нема законски пречки да ја извршува дејноста се до избор на нов или нејзин реизбор. Изборот на Гувернер се врши во Собранието и е потребно да гласаат 61 пратеник.

Ангел Димовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button