Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, во Скопје

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, денеска ќе престојува во посета на Република Северна Македонија. Како што е најавено, Фон дер Лајен ќе биде примена од претседателот на државата Стево Пендаровски, а ќе оствари средби и со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и со претседателот на Собранието, Талат Џафери. Претседателката на ЕК, за време на посетата на Скопје, денеска ќе се обрати пред Собранието во рамки на 80. пленарна седница, со почеток во 13 часот.
На седницата се поканети претставници на дипломатскиот кор, кои ќе можат да го следат обраќањето на претседателката на ЕК од галеријата во пленарната сала. Пред одржувањето на собраниската седница, соопштија од собраниската прес-служба, предвидена е средба на претседателката на ЕК со претседателот на Собранието Џафери, во салата „Длаборез“.