Претседателката на Врховниот суд не присуствуваше на работната средба кај претседателот на Судскиот совет

Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, ја одби поканата од Судскиот совет за работна средба на која требаше да се разговара за политичките притисоци кои Адеми ги спомена во последното интервју. Адеми писмено се одзва на повикот каде истакна некои работи кои според неа ќе го сменат ставот на Судскиот совет. Адеми го повика советот прво да зборува за притисоците врз двајцата поранешни претседавачи Весна Дамева и Павлина Црвенковска.
„Убедена сум дека во текот на оваа недела и во периодот што следи, по Извештајот на Европската комисија и Комисијата за евалуација за работата на Судскиот совет, ќе се отворат суштински прашања за проблемите во судовите. Наодите од извештаите и прашањето за политичките притисоци брзо ќе станат основа за промена на мислењето и отворање дискусии во рамките на работните состаноци и средби во оваа насока“, рече Адеми.
Шефот на Судскиот совет, ги повика медиумите да потсети дека телото што тој го предводи било подготвено да ги заштити судиите од политички притисоци.
Георгиев не посочи дали останува опцијата за формирање на работната група за контрола во Врховниот суд, но неговиот колега не демантираше дека е можно да се разговара секој судија дали почувствувал политички притисоци.
Адеми навести дека политичките притисоци главно се концентрирани да се прифати враќањето на аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, одлука која ќе доведе до целосна амнестија на поранешниот премиер Никола Груевски и на сите други тогашни аболицирани функционери.
Адријан Керими