ВЕСТИСВЕТ

Претседателот Ебрахим Раиси загина во хеликоптерска несреќа, пренесуваат иранските државни медиуми

Иранската државна телевизија објави дека претседателот Ебрахим Раиси загинал во хеликоптерската несреќа заедно со министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан.

Advertisements

„Сите девет лица во хеликоптерот на иранскиот претседател Ебрахим Раиси кој се урна во северозападниот дел на земјата загинаа“, пренесува Ројтерс повикувајќи се на информации од иранската државна новинска агенција ИРНА и државната телевизија.

Државната телевизија објави дека сликите од локацијата покажуваат дека авионот удрил во планински врв, иако, како што пренесува Ројтерс, нема официјални информации за причината за падот.

Според новинската агенција Ројтерс, ирански владин претставник ја потврдил смртта на Раиси.

Хеликоптерот во кој се превезувал иранскиот претседател Ебрахим Раиси се урнал додека минувал планински терен во густа магла на враќање од посетата на границата со Азербејџан. Инцидентот се случи во близина на градот Џолф, во близина на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од главниот град на Иран, Техеран.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button