СПОРТФУДБАЛ

Претседателот на Баерн застана во одбрана на Томас Тухел

Баерн Минхен доживеа ново разочарување во Бундеслигата откако беше поразен со 3-2 од Бохум и сега има осум бода негатива во однос на лидерот Баер Леверкузен, кој е на врвот на табелата.

Advertisements

Притисокот врз тренерот на тимот Томас Тухел продолжува да расте, но претседателот на клубот Јан-Кристијан Дрисен уште еднаш застана во одбрана на германскиот стручњак.

„Се чувствувам навистина лошо. Денеска менталитетот ја победи класата, воопшто не сме задоволни. Секако дека Тухел следната недела ќе биде тренер на Баерн“, изјави претседателот на Баерн.

Се очекува итна средба меѓу водечките фактори на баварците за да се одлучи како ќе одат напред и дали Томас Тухел навистина ќе остане тренер на Баерн Минхен

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button