ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претседателот на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ од Битола дециден: Нема да го смениме името

Бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, нема да го смени името, тврди претседателот на центарот Љупчо Георгиевски во интервју за „Бг он аир“. Зборувајќи за измените на Законот за здруженија и фондации кои ги изгласа Собранието на почетокот на ноември минатата година, Георгиевски вели дека, доколку Централниот регистар го избрише клубот, тој правата ќе си ги бара на суд.

Advertisements

„Ако не избришат од Централниот регистар ќе си ги барам правата на суд. А ако судот во РСМ не ни ги даде правата, ќе ги барам во Европскиот суд за човекови права во Стразбур“, вели Георгиевски.

Тој потсетува на случајот со здружението „Радко“ (Радко е псевдоним на Иван Михајлов) кое во Македонија беше забрането во 2001 година, а Европскиот суд за човекови права во Стразбур одлучи дека името на здружението не е закана за јавниот ред.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button