ВЕСТИСВЕТ

Претседателот на Европската народна партија повикува на формирање европска „сајбер бригада“

Претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, изјави дека откако членките на НАТО постигнаа договор за издвојување на 5 проценти од БДП за одбрана, дојде време Европската Унија да ги зајакне сопствените воени капацитети со здружување на националните одбранбени ресурси во Брисел.

Advertisements

„Кога станува збор за кибер напади врз Европската Унија, нема граници во киберпросторот и затоа е логично заедно да формираме европска кибер бригада и заеднички да инвестираме во безбедноста на Унијата“, рече Вебер пред финализирањето на нацрт-заедничкиот став на Европската народна партија пред самитот на Европскиот совет, објави Политико од Брисел.

„Кибер бригадата“ на ЕУ во моментов не е формално воспоставена воена единица, туку предлог насочен кон зајакнување на заедничката кибер одбрана на Европската Унија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button