ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претседателот на италијанскиот Дом на пратеници, Роберто Фико во посета на Северна Македонија

Претседателот на италијанскиот Дом на пратеници, Роберто Фико од утревечер ќе престојува во официјалната посета на Република Северна Македонија.

Advertisements

Од Амбасадата на Италија во Скопје информираат дека Фико во среда ќе оствари средби со претседателот на Собранието Талат Џафери, со премиерот Димитар Ковачевски и со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Според агендата, претседателот на италијанскиот Дом на пратеници ќе го посети Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде ќе има средби со студенти по италијански јазик и од универзитетите УКИМ, СЕЕУ, и Гоце Делчев, како и со ученици од некои средни училишта – особено од гимназијата „Никола Карев“, каде оваа година беше отворена паралелка за изучување на италијанскиот јазик.

Претседателот на италијанскиот Дом на пратеници, Роберто Фико пред посетата на Северна Македонија ќе престојува во Тирана, Албанија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button