

Алсат
07.08.2020 15:19
Претседателот на Либан изјави дека истрагата за експлозијата во Бејрут, во која загинаа накмалку 154 лица, ја испитува можноста таа да била предизвикана од „ракета или бомба“, пренесува Скај њуз.
Во меѓувреме на теренот има руски и француски спасувачки тимови кои работат заедно со локалните спасувачи во обид да пронајдат евентуални преживеани. Властите стравуваат дека бројот на загинати ќе се зголемува бидејќи многумина се водат како исчезнати.
Според првичните извештаи, експлозијата којашто се случи во вторникот ја предизвикал амониум нитрат, кој бил чуван во локално депо, откако пред неколку години бил запленет од руски товарен брод.
Вчера местото на настанот го посети и францускиот претседател, Емануел Макрон, чија што земја има историски врски со Либан.