ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претседателот на Собранието Африм Гаши, на Парламентарното собрание на НАТО во Вашингтон повика на подигнување на нивото на единство меѓу земјите-членки на Алијансата

Претседателот на Собранието Африм Гаши, на Парламентарното собрание на НАТО во Вашингтон повика на подигнување на нивото на единство меѓу земјите-членки на Алијансата

Претседателот на Собранието Африм Гаши, на Парламентарното собрание на НАТО во Вашингтон повика на подигнување на нивото на единство меѓу земјите-членки на Алијансата. Тој рече дека важно е сите земји-членки да одвојат најмалку 2 отсто од својот бруто домашен производ за одбранбениот сектор и да ја продолжат поддршката за Украина.

Advertisements

„Свесни сме дека сме земја членка на НАТО во кревок регион во кој речиси сите земји се членки на НАТО или имаат одредено ниво на партнерство со Алијансата, но и имаат многу лоши надворешни влијанија. Остануваме посветени на промовирање атмосфера на регионална стабилност. Продолжуваме да даваме придонес во операцијата на НАТО на Косово, а што се однесува до безбедносните предизвици, ние сме активни во мисијата на НАТО во Ирак и во поддршката на Украина. Овие предизвици ја нагласуваат потребата од зголемување на нивото на единство и зајакнување на партнерството со ЕУ, со цел зајакнување на нејзината стратешка комплементарност со НАТО“, рече Африм Гаши, Претседател на Собрание на РМ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button