ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претседателот на Собранието му го честиташе изборот на новиот папа

Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка до новиот папа на Римокатоличката црква по повод неговиот избор.

Advertisements

– Во духот на првото обраќање на папата Лав XIV (Leo XIV) до католичките верници, ја изразувам желбата новиот папа да донесе повеќе духовност и поголема етика, а неговата работа да биде патоказ на патот кон мирот, верската толеранција и меѓусебното разбирање меѓу народите – како единствениот исправен пат за спас и напредок на светот, кој денес сè повеќе се соочува со предизвиците на конфликти и судири, се вели во честитката.

Новиот папа беше избран вчера по четири круга гласање.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button