ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претседателот на Собранието на Саудиска Арабија на средби со Пендаровски и со Џафери

Делегација предводена од Абдулах Бин Мухамед АлШеикх, претседател на Собранието на Кралството Саудиска Арабија – Меџлиси Ал Шура денеска ќе оствари средба со претседателот на државата Стево Пендаровски и со претседателот на Собранието на Северна Македонија Талат Џафери, а по средбата ќе присуствува и на потпишување во Книга на впечатоци.

Advertisements

Претседател на Собранието на Кралството Саудиска Арабија Мухамед АлШеикх во земјава ќе престојува до петок.

Поради посетата на  Мухамед АлШеикх во Скопје од понеделникот, како што соопшти МВР, до сабота ќе има променет режим на сообраќај.

Со посебниот режим кој ќе го спроведе Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе бидат опфатени сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button