ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претседателот на Уставен: Должни сме да ги отстраниме дилемите со Законот за јазици и „Балансерот“

Со Законот за јазиците политиката создаде своевиден правен хаос, кој резултираше со политички хаос, недоверба, дилеми. Јавноста веќе го виде и извештајот на Венецијанската комисија. Уставниот суд е на потег не за мудра, туку да донесе уставно-правно втемелена и аргументирана одлука. Што би можело да се одлучи, не знам и не можам да знам и нема да коментирам, вели во интервју за МИА претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски.

Advertisements

Предметот за Законот за јазиците е составен од 13 иницијативи од различни граѓани, политички партии, здруженија, а е оформен од 2019 година.

Свесни сме, како што вели, за јавниот интерес и за можните последици доколку Судот одлучи да го укине или да го остави во примена овој Закон или да интервенира во одредени одредби, можно е да има незадоволни.

– Она што е важно е да се видат објективно аргументите во одлуката каква и да е пред да се дава каков било коментар. Одлуката на Судот треба да биде почитувана и прифатена како израз на зрелост на политиката и на општеството, одлуката да биде ориентир рамка за делување на законодавецот, нагласува Костадиновски.

Факт е, како што вели, дека Законот се применува и дека создава проблеми во примената и од тој аспект од 1 септември со стапувањето во сила на новиот Акт на Судот, со цел да не настапат штетни последици за граѓаните, Уставниот суд има можност со евентуална одлука за поведување постапка да одреди временски рок во кој законодавецот треба да се усогласи и да ги отстрани евентуалните уставно преблематични одреби во рок не подолг од шест месеци. – Јас не можам да предвидам дали до тоа ќе дојде!, додава Костадиновски.

На прашање на МИА што да очекуваме од Судот во врска со предметот познат како „Балансер“ кој е на дневен ред на седницата закажана за 18 септември, ако се земеме предвид дека е се поактуелно ова прашање и во политичките кругови, Костадиновски вели дека од Судот може да се очекува расправа во која ќе се презентираат и ќе се судрат уставно-правни факти и аргументи и одлука која ќе биде издржана и исклучиво уставно втемелена.

-Уставно-правната култура која е суштинска во случаите кога една стабилна демократија настојува да премине во зрела демократија, подразбира почитување на со Устав исцртаните граници на секоја од посебните власти, почитување на Уставот односно со него уредените надлежности и овластувања од секого. Пред Уставниот суд е поставено прашањето и ние сме должни да одговориме, а кој било друг државен орган согласно своите наоѓања може да постапува, да не постапува, да го чека исходот од Уставниот суд, итн. Јас не навлегувам и не е моја работа ниту надлежност да ги коментирам најавите, плановите, реакциите, ставовите на политичарите или на носителите на државни функции поврзани со т.н. „Балансер“, вели претседателот на Уставниот суд.

Потенцира дека само и само доколку секоја од властите правилно го разбере и го почитува начелото на поделба на власта кое е темелна вредност на нашиот уставен поредок, се придржува до надлежностите и овластувањата, ние можеме да зборуваме за правна држава во која владее правото, само така довербата на граѓаните во институциите на системот ќе биде повратена.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button