ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претседателот на Уставен против распуштањето на Судскиот и обвинителскиот совет

Претседателот на Уставен против распуштањето на Судскиот и обвинителскиот совет

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски по најавите за распуштањето на Судскиот совет и на обвинители во интервју за агенцијата МИА вели дека проблемите во судството не се решаваат со колективна, туку индивидуална одговорност.

Advertisements

„Секогаш, без исклучок, индивидуална одговорност доколку се утврди, по кој било основ, корупција, трговија со влијание, злоупотреба на службена должност и овластување, прекршување на закони и слично, во рамките на кое било тело, убеден сум дека ќе има подобар ефект за зголемување на принципите на одговорност генерално, позитивно ќе влијае на довербата и правната држава отколку колективната одговорност, која може како лош преседан да не втурне во лавиринт од кој нема да можеме да излеземе долг период“, вели Костадиновски.

Костадиновски нагласува дека постојат уставни и законски механизми за справување со лошата состојба во судството и на кое било друго поле.

„Едноставно е, се надевам дека и владата и законодавецот не само на оваа тема на која било друга ќе се држи до рамките на Уставот и неговите темелни вредности како поделбата на власта во конкретниот случај. Од друга страна нашиот Устав во член 58 ја утврдува стручноста и компетентноста како уставен принцип. Јасно е дека доколку огромен број наши сограѓани увидуваат и поддржуваат промени истите соодветно да се адресираат. Но, колективната одговорност на цели органи во една правна држава е исклучително проблематична“, вели Костадиновски.

Владините најави за распуштање на Судскиот совет и на обвинителите, наидоа на бројни критики и од меѓународната заедница. Евроамбасадорот во Скопје Дејвид Гир пред извесно време изјави дека такво нешто е директно мешање во судската власт.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button