Претседателот не презел обрска да преговара со Грција за рокот за пасошите
Претседателот не презел обрска да преговара со Грција за рокот за пасошите

Претседателот Стево Пендаровски не се обврзал да ја надмине институционалната криза во МВР околу личните документи. Пендаровски во изјава за Алсат рече дека тој во својство на шеф на државата дал само предлог решение, останатото е на Собранието и на Владата.
„Претседателот Пендаровски го даде предлогот за надминување на проблемот што настана со размената на личните и патните исправи, но постапката е целосно во надлежност на Владата и на Собранието. Во однос на комуникацијата со Грција, претседателот може да помогне во процесот, но нема преземено обврски во оваа насока“, велат од Кабинет на шефот на државата.
Премиерот Ковачевски ја префрли топката кон претседателот и вели дека мора да се најде решение со Грција.
За неполн месец истекува рокот за промена на личните и патните исправи на граѓаните. Досега се издадени над 1,2 милиони документи, а сервисните пунктови беа блокирани со доаѓањето на иселениците. Од МНР велат дека одложувањето на рокот за издавање документи не може да се направи без измена на уставот. Промената на документите е предвидена во Договорот од Преспа со кој државата се обврзува до 12 февруари 2024 година да ги промени сите лични и патни исправи со новото уставно име./Алсат.мк
Адријан Керими