ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Претседателот Пендаровски и сопругата оддадоа почит пред посмртните останки на кралицата Елизабета Втора

Претседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета Ѓеоргиевска попладнево присуствуваа во Вестминстерската сала во Лондон каде е изложен ковчегот со посмртните останки на кралицата Елизабета Втора.
Пендаровски на својот фејсбук-профил објави видео на кое се гледа како тој со сопругата оддаваат почит пред посмртните останки на кралицата.
Претседателот се потпиша и во книгата на жалост, а утре ќе присуствува на погребот на кралицата во Вестминстерската палата.
„Со сопругата оддадовме почит на посмртните останки на кралицата Елизабета Втора, пред утрешната погребна церемонија во Вестминстерската опатија“, напиша Пендаровски.