ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претседателот Пендаровски со верските лидери – апел за почитување на мерките

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими поглаварите и претставниците на верските заедници наведени во Уставот на Република Северна Македонија.

Advertisements

На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателот, присуствуваа поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху, Скопски бискуп и епарх Скопски и Струмички, Киро Стојанов, суперинтендентот на Евангелско – методистичката црква, Марјан Димов, како и Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

Тема на средбата беа претстојните Велигденски и Рамазански празници и условите во кои поради пандемијата на Ковид-19 и оваа година ќе биде неопходна претпазливост на верниците при празнувањето во верските објекти во државата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button